Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, негира дека има недоразбирање со неговиот заменик Назим Буши поради унапредување на вработени во МВР.
Спасовски и Буши имаа средба со вицепремиер Артан Груби, со кого разговарале за распределување на административците вработени според Програмата К5, со цел подобрување на правичната застапеност во државните институции.
„Во духот на добрата соработка, Спасовски и Буши го поздравија конечното решение на прашањето за административните службеници кои досега не беа распределени на работни места. Тие изразија подготвеност за соработка и заеднички успех“, беше соопштено после средбата.
Спасовски тврди дека има одлични односи со неговиот заменик, а одземањето на зборот минатата недела пред новинарите било шала, додека тоа за вицепремиер Груби бил лош хумор.