„Во 2015 имавме едвај 7 дрегери и 10 радари, а денес имаме сериозна опрема и значително подобрени резултати. Минатата година ја завршивме со најдобри резултати во полето на сообраќајот во последните 30 години, а на завидно ниво се и резултатите во намалувањето на криминалитетот“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во гостувањето во вестите на „Канал 5“ телевизија во пресрет на 7 мај – Денот на македонската полиција.
Министерот додаде дека со создавањето на подобри услови за полициските службеици се поттикнуваат тие да бидат помотивирани во работата, со што се зголемува и безбедноста и ефикасноста.
„После многу години, ние успеавме да изградиме два капителни објекти за државата. Првиот е ИКТ центарот во Прилеп, кој е единствен на Балканот. Објект кој што значи зачувување, односно бекап на сите електронски податоци, не само на МВР туку и на сите државни институции што ќе склучат договор со министерството“, додаде Спасовски.