Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието од страна на Игор Јанушев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека апсолутно не држат вода тезите дека има некаков договор со Мијалков на било каква основа.

Апсолутно, тезите што сега се покренуваат дека некој нешто договарал со некого -за одреден случај, мислам дека се демантираат една по друга или се исклучуваат една од друга. Ако некој со некого се договарал, за што се договарал, да избега или да се врати повторно пред лицето на правдата, кој е тој договор што е правен и со кого бил правен? Никакви договарања нема и нема да има со било кого, а секој еден што носел какви било одлуки спротивни на закон, спротивни на интересите на граѓаните и на државата, треба во секој момент да излезе пред лицето на правдата и да понесе одговорност, вели Спасовски и притоа додава:

–  Апсолутно, ние и сега покажавме, а и од почетокот кога се отворија постапките дека правда мора да има за секого во оваа држава без разлика кој е тој и на каква позиција се наоѓа. И ова што сега го направија институциите со приведувањето на Мијалков и неможноста да избега од правдата. Впрочем никој не избегал од правдата и ниту еден од тие да избегаа и што правеле каква било штета на граѓаните и на држават, нема да избегне да се соочи со правдата. Во тој дел сите  да бидеме на јасно, рече Спасовски.