Професорот Ѓорги Спасов за „Слободен печат“ пишува дека идејата за вметнување на етничка графа во личните карти е глупости. Според него тоа ќе донесе само повеќе поделби, отколку што ќе решеи нешто суштинско. Воедно додава дека ова е многу перфиден обид да се минира решението договорено со преспанскиот договор со Грција, според кое во пасошите пишува националност: македонска (Macedonian)/граѓанин на Република Северна Македонија.

-За што, всушност, ја користиме личната карта? За во банка, пред полиција и на гласање. Никому од тие пред кои сме должни да им ја покажеме не им е, и не треба да им биде важна, етничката припадност на граѓанинот. Во земја со многу етнички мешани бракови тоа ќе биде еден вид изнудување. А кога се знае опасноста од сѐ уште неисчезнатите предрасуди и примери на дискриминација во општеството тоа ќе биде можност и инструмент на националистите и на власта за јавна проверка на тоа дали некој се декларирал како Ром, како Евреин, како Бугарин или воопшто не „избрал етничка припадност во својата лична карта“. Оттука оваа идеја, иницијатива, овој предлог и закон не треба да бидат прифатени бидејќи не водат кон зголемување на ничии права ниту кон зголемување на еднаквоста и рамноправноста. Напротив. Мислам да ова е многу перфиден обид да се минира решението договорено со преспанскиот договор со Грција, според кое во пасошите пишува националност: македонска (Macedonian)/граѓанин на Република Северна Македонија, вели професорот Ѓорги Спасов.