Најстариот жител на Делчево го прослави 101 роденден. Спасена Димитровска е родена далечната 1920 година во Лисичарско Маало во делчевското село Киселица а поголем дел од животот го поминала во село Илиово.
-Нашата пра-баба има пет внуци и шест правнуци. На лекар има одено ретко, според она што го знаеме водела здрав живот каков што воделе постарите жители на овие простори. Работатата во село и здравата храна ја одржувала, а сега претежно консумира лесна храна, велат нејзините најблиски.
Денес баба Спасена живее во Делчево со семејството, кое за 101 роденден и годинава ја изненади со роденденска торта.
Спасена Димитровска е една од ретките на Истокот кој дочекал живот долг над еден век. Заедно со Пракса Стојковска од Македонска Каменица коај е родена 1918 година се меѓу најстарите жители во Источна Македонија.