Зошто да трошите премногу пари на козметички производи, кога можете да направите своја домашна маска за лице…
Пронајдовме домашен рецепт за кој ќе ви бидат потребни само две состојки, а ќе ја препороди вашата кожа. Оваа маска помага во лекувањето на акни, црвенило, лузни, но го отстранува и вишокот себум.
За подоготовка ќе ви бидат потребни лажичка сода бикарбона и кокосово масло. Состојките помешајте ги и маската е подготвена.
Сода бикарбоната е многу ефикасна во лекувањето на акните. Кога pH вредноста во телото е неизбалансирана, тоа довеува до воспаленија на кожата, а сода бикарбоната може повторно да воспостави вистински баланс.
Кокосовото масло има антибактериско и хидратантно својство. Тоа хидрира, храни и ја смирува кожата.
Маската нанесете ја на лицето, избегнувајќи го делот околу очите и усните и оставете ја да делува 15 минути. Потоа измијте го лицето со млака вода и нанесете хидратантна крема.