Репрезентацијата на Шведска оствари нова убедлива победа на Мундијалот во Египет, по триумфот над Македонија (32:20), тие денеска го совладаа Чиле со 41:26. Швеѓаните слично како и против Македонија, дилемите околу победникот ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 21:10. Одлична партија прикажа Пелас кој постигна 12 гола, Сандел даде шест, додека кај Чиле Фохтман беше најпрецизен со седум гола.

Еден од фаворитите за највисок пласман, Норвешка по поразот на стартот од Франција, во второто коло ја совлада Швајцарија со 31:25. Норвежаните кон крајот на провото полувреме успеаја да создадат предност поголема од три гола (11:15) за во вториот дел рутински да ја одраборат задачата и на крајот славеа со 31:25. Сандер Сагосен повторно беше фантастичен постигнувајќи 11 гола, додека кај Швајцарија се истакнаа Лиер и Милошевиќ со по седум постигнати гола.
Во дербито на денот, селекцијата на Русија ја изненади Словенија победувајќи ја со 31:25. Русите одиграа неверојатен натпревар и освен во воведните минути не и дозволија на Словенија да има водство. Во завршницата Русите дојдоа и до седум поени предност и го решија прашањето околу победникот. Натпреварот го судеше најдобриот македонски пар Славе Николов – Ѓорѓи Начевски.

Резултати:

Група Е
Австрија – Франција 28:35
Швајцарија – Норвешка 25:31

Група Ф
Мароко – Португалија 20:33
Алжир – Исланд 24:39

Група Г

Египет – Македонија 38:19
Чиле – Шведска – 26:41

Група Х
Белорусија – Јужна Кореја 32:24
Русија – Словенија 31:25