Во дербито на колото во групата „1“ Шпанија со 32:28 славеше против на Германија. Германците во вториот дел имаа и плус три (21:24), но до крајот „црвената фурија“ успеа да направи пресврт.
Фернандез се истакна со шест голови, по пет имаа Соле и А. Душебаев, додека седум голови беа дело на Кастенинг во поразената репрезентација.
Претходно тоа го направија Хрватите, сега и Данците се чекор блиску до обезбедување на една од првите две позиции во групата „2“ кои водат во четвртфиналето.
Вечерва беше убедлива скандинавската селекција совладувајќи го Катар со 32:23, М. Хансен беше прв стрелец со осум голови, а кај поразените 12 погодоци беа дело на Карол Марзо.
Моментно на табелата води Данска со шест бодови, пред Хрватска (пет), Аргентина (четири), Катар (два), Јапонија (еден) и Бахреин на последната шеста позиција без бодови.