Јавниот превоз ќе продолжи да функционира до 20:00 часот, согласно одлуката на Влада на РСМ за продолжување на одлуката за забрана на движење на населението во период од 20:00 до 5:00 часот, заклучно до 27 април 2021 година, соопштија од ЈСП.
Возниот ред е достапен на веб страницата на ЈСП Скопје.
Од ЈСП информираа дека билетарниците и центрите за персонализација ќе работат од 7:00 до 18:30 часот.
– Ве потсетуваме дека и натаму не работи Жичарницата на Водно, а не сообраќаат ниту трите линии до Средно Водно (25, 25А и 25Б), како и туристичката линија „Сити тур“. И натаму, не важи бесплатниот превоз за возрасни лица во вторник, петок, сабота и недела, се додава во соопштението од ЈСП.