Сочни, слатки и вкусни… На многумина омилените Рафаело бомбици можете да ги подготвите од само четири состојки. Ќе го обожавате овој рецепт!
Потребни состојки:
- 100 гр кокосово брашно (плус 50 гр за валкање)
- 300 гр бело чоколадо
- 150 мл слатка павлака
- јаткасти плодови по желба (лежник, бадем, ореви)
Подготовка:
Искршете го чоколадото на парчиња. Загрејте ја слатката павлака до вриење, а потоа прелијте ја врз чоколадото. Мешајте со лажица додека чоколадото да се стопи и додека не добиете компактна смеса.
Во смесата од чоколадо и павлака додадете го кокосот, па оставете ја смесата да се олади на собна температура. Изладената смеса ставете ја во фрижидер на еден час дополнително да се стегне.
Со лажица вадете од смесата, па со рацете обликувајте ги бомбиците кои ќе ги извалкате во кокос. Постапката повторувајте ја сè додека не ја потрошите целата смеса. По желба, во средината од секоја бомбица ставете орев, бадем или лешник. Кокос бомбиците постојано чувајте ги на ладно.
Преземено од Еспресо.мк