Советот за човекови права на ОН денеска ќе одржи специјална седница за Авганистан. Седницата е свикана на барање на Авганистан и Пакистан, координатор на Организацијата за исламска соработка, за да се разгледаат „сериозните грижи за човековите права“ во врска со ситуацијата во Авганистан. Барањето досега беше поддржано од 89 нации. Поголемиот дел од делегациите ќе се обратат на сесијата преку видео врска.
Авганистанските талибанци насилно ја освоија речиси целата територија на земјата. Талибанците тврдат дека се промениле и нема да воведат драконски ограничувања на правата и слободите како во првиот период од нивното владеење, од 1996 до 2001 година, кога ги укинаа правата на жените и извршија јавни егзекуции. И покрај ветувањата, многу Авганистанци не им веруваат и се обидуваат да ја напуштат земјата.