Советот на Европа денеска соопшти дека ги прекинува односите со Белорусија поради „активното учество на таа земја“ во руската инвазија врз Украина.
Извршното тело на Советот на Европа, Комитетот на министри, „денеска одлучи да ги прекине сите односи со Белорусија. Комитетот на министри го суспендира правото на Белорусија да учествува на сите состаноци и активности на организацијата“, соопшти Советот на Европа.
Комитетот на министри ја прекинува цела техничка соработка со Белорусија, но одлучи да ги задржи и зајакне врските со белоруското граѓанско општество и опозицијата во егзил, соопшти Советот на Европа, додавајќи дека наскоро ќе бидат преземени и други иницијативи во таа насока.
Белорусија не е полноправна членка на Советот на Европа, бидејќи ја нема потпишано Европската конвенција за човекови права.