На денешната седница Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука да почне постапка за исклучување од членство член на Советот на општина Карпош, заради непочитување на одлуките и ставовите на СДСМ и работење спротивно на интересите на партијата.
„Советникот гласаше за изборот на претседател на Советот во Карпош спротивно на партиските одлуки и ставови. Согласно Статутут на СДСМ, непочитување на одлуките, работење и гласање спротивно на интересите на СДСМ како и нанесување значителна штета на партијата повлекува одговорност а тоа се однесува и на сите избрани советници“, велат од партијата.
Социјалдемократите преку соопштение додаваат дека најостро ги осудуваат сите притисоци, уцени и закани врз советниците во советите на општините на локално ниво од страна на ВМРО-ДПМНЕ, за што партијата ќе преземе соодветни мерки за нивна заштита.
Mинатата недела се одржа првата конститутивна седница на Советот на Општина Карпош, кога со мнозинство гласови од советниците беше избран Христо Саракинов, кој во наредниот четиригодишен мандат ќе ја извршува функцијата претседател на Советот на Општина Карпош.
Текстот Советник од Карпош пред исклучување од СДСМ поради гласање спротивно на ставовите на партијата е превземен од МАКФАКС.























