Советот на амбасадори, во кој се здружени повеќе поранешни дипломати од земјава, изрази загриженост за изјавата на еврокомесарот Вархеји дека постои можност Северна Македонија и Албанија да бидат разделени во евроинтегративниот процес ако земјава не ги надмине спорните прашања со Бугарија.
Дипломатите ги повикуваат комесарот за проширување и неговата матична земја, како и лидерите на другите земји членки на Унијата да вложуваат максимални напори оваа година конечно да се одржи меѓувладината конференција и земјата да зачекори кон побрзо интегрирање во ЕУ.
-Советот на амбасадори не верува дека изнесениот условен став на комесарот Вархеји може да биде и став на Унијата. По оваа проблематика пред две години негативно се изјаснија некои земји членки на Унијата и не веруваме дека постојат сериозни причини ЕУ да го промени ставот“, се наведува во соопштението.