Состојбата на 14-те лица повредени од пожарот во Кочани, примени во болниците во Бугарија останува критична, соопшти бугарското Министерство за здравство. Министерот за здравство на Северна Македонија Арбен Таравари денеска ќе отиде во Софија за да се сретне со настраданите.
Од „Пирогов“, каде што се лекуваат 8 од повредените, велат дека на луѓето ќе им биде потребна трансфузија на крв. Болницата заедно со бугарскиот Црвен крст и Националниот центар за трансфузиона хематологија започна крводарителска акција.
До крајот на неделата, на паркингот на болницата Пирогов во главниот град ќе има шатор на бугарскиот Црвен крст, каде медицинските лица и волонтерите ќе ги пречекаат оние кои сакаат да даруваат крв за повредените млади.