Епидемиолошката состојба во Хрватска е подобра, но тешко е да се каже дека состојбата со епидемијата е стабилна, изјави денеска шефот на Националниот штаб, министерот за полиција Давор Божиновиќ.
Божиновиќ на редовната прес-конференција рече дека се уште не може да зборува за евентуално олеснување на епидемиолошките мерки, но тие се проценуваат секој ден и се забележува нивниот ефект.
Коментирајќи ја можноста за укинување на мерките на локално ниво, Божиновиќ рече дека тоа засега не е можно, но оти локалните штабови можат да предложат само построги мерки.
Одговарајќи на прашањето за ковид-пасоши, Божиновиќ рече дека за нив официјално не се дискутира на ниво на ЕУ. (МИА)