Брус Вилис не може многу да зборува и се чини дека не разбира многу од она што другите го зборуваат, изјави извор за странските медиуми.

Advertisements

Холивудскиот глумец во март годинава објави дека става крај на долгогодишната кариера откако му беше дијагностицирана афазија. Иако неговата состојба само се влошува, неговото семејство го користи секој момент со него и „се надева на чудо“.

Месеците откако актерот ја откри својата битка со болеста која ги напаѓа неговите когнитивни способности станаа и тешки и скапоцени за семејството Вилис, бидејќи сите се трудат да не пропуштат ниту еден момент со саканиот актер.

Извор близок до семејството откри дека неговата состојба само се влошувала од почетокот на годината, па семејството често се собира и го поминуваат времето заедно.

– Тие знаат дека Брус нема да биде вечно наоколу. Така тие го ценат секој момент – изјавил изворот за „Дејли мејл“.

Ема Хеминг и Деми Мур, сегашната и поранешната сопруга на Брус, се зближија уште повеќе и заедно му помагаат на актерот да си го олесни животот со болеста, а Деми се труди да биде во постојан контакт со него.

– Ја користи секоја прилика да помине време со него. Ако не е со него, тогаш се јавува на телефон само за да го слушне гласот на Брус – додал изворот.