Претседателството на Алијансата за Албанците вечерва одржува состанок во Тетово на кој се разгледуваат резултатите од вчерашните избори за советници во општина Тетово, а ќе се разговара и за оставка на лидерот на партијата Зијадин Села.

На вчерашните избори во Тетово, Алијанса за Албанците не освои ниту едно советничко место.

По завршување на состанокот најавена е прес-конференција.