Играчот од средниот ред на Јувентус, Вестон Мекени се најде во големи проблеми откако организираше забава во спротивност на строгите мерки против ширењето на коронавирусот.
Во Италија веќе подолго време има ригорозни мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а Мекени го прекрши ова и се најде во големи проблеми.
Американецот организираше забава во својата куќа, на која присуствуваа и Пауло Дибала и Артур Мело, кои беа казнети како и другите гости. Полицијата ја повикал неговиот прв сосед кој видел дека се случува нешто чудно.
Неговиот сосед одлучил во изјава за Кориере дела Сера да открие што се случува таа вечер и зошто тој решил да повика полиција.
„Ако сте фудбалер, тоа не ви дава за право да бидете над законот. Околу 22:30 часот го однесов кучето на прошетка и видов автомобили паркирани на улица. Многу луѓе беа на пат и никој не носеше заштитна маска. Видов шпански регистарски таблички на Мерцедес, неколку џипови, а потоа и многу такси кои донесуваа млади девојки“, вели соседот на Мекени и продолжува.
„Таквите собири не се дозволени и кога видов дека има премногу луѓе во мала област, решив да повикам полиција. Некои успеаја да заминат пред да пристигне полицијата. Немам ништо против Мекини бидејќи тој е тивко момче и јас сум навивач на Јувентус. Но, такви работи не можат да се случат без разлика кој си. Тој е одличен сосед, но овој пат претера“.