Еден ден пред утрешната седница на министрите за надворешни работи на ЕУ, амбасадорот на ЕУ во Тирана, Луиџи Сорека смета дека разделувањето на патот на Албанија и Северна Македонија кон ЕУ, не треба да е опција бидејки двете држави ги имаат исполнето сите услови.
Сорека во интрервју за „Euronews Albania“ изјавил дела земјите на ЕУ имаат една цел двете држави да одат напред бидејки регионалната димензија е многу значајна.
„Многу е битно да не се обесхрабрат тие кои имаат работено, бидејки заслужуваат ЕУ да им даде тоа што го заслужуваат“, истакнува Сорека.
Според него, под раководство на Словенија на почетокот на октомври ке има еден значаен Самит за Западен Балкан .