Министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу денеска оствари работна средба со директорката на А.Д. Пошта на Северна Македонија Бујаре Абази, заменик-генералниот директор Ненад Јосевски, Елми Зендели – директор за поштенски операции и Дарко Матески – Служба за продажба и дистрибуција.

На средбата, како што информира МИОА, се разговараше за воспоставување соработка во однос на обезбедување и приближување на електронските услуги.

– Се разговараше за користење на услугите и капацитетите на поштенската мрежа. На средбата се договорија да се формираат работни групи од двете институции со цел реализација и подобрување на услугите за доброто на граѓаните, се наведува во соопштението.

На средбата, што се одржа во МИОА, биле присутни вработените кои оперираат со Центрите „Една точка за услуги“ и од Националниот портал на е-услуги.