Јавното обвинителство поднесе обвинение за безправно градење против сопственикот на дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“.
Осомничениот М.А. се товари дека во јуни годинава во својство на инвеститор градел објект со површина од 390 метри квадратни, без одобрение за градба.
Тој веќе има мерки на претпазливост – забрана за напуштање на престојувалиште, одземен пасош, како и обврска за повремено јавување во суд.
Летово, инвеститорот започна да гради, откако претходно кафулето „Фонтана“ изгоре во пожар.