Основното јавно обвинителство Кочани ја прошири истрагата за пожарот во кочанската дискотека „Пулс” спрема уште едно лице, кое, исто така, е осомничено како соизвршител во кривичното дело тешки дела против општата сигурност.

„Од дејствијата преземени во текот на досегашната постапка се обезбедија докази кои упатуваат на основано сомнение дека осомничениот, како сопственик на недвижниот имот – објект во кој со години функционирала дискотеката, го издавал под закуп на еден од претходно осомничените. Без да поднесе барање и да добие одобрение за пренамена на објектот од надлежен орган, заеднички и во договор со осомничениот неформален сопственик на правното лице, тој на различни датуми и во повеќе наврати во временскиот период од 2012 година до месец март 2025 година преземал градежни активности со кои извршил и учествувал во незаконска пренамена на објектот од намена Г3 – сервиси и сообраќајна инфраструктура во намена Б3 – големи угостителски единици и овозможил во објектот незаконски да се врши угостителска дејност дискотека/ кабаре“, велат од Обвинителството.

Јавното обвинителство до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерки за претпазливост.

Текстот Сопственикот на објектот е нов обвинет за пожарот во „Пулс“ е превземен од МАКФАКС.