Сопственикот на Беса транс Беким Хаџиу е достапен за Обвинителството и сака да соработува со надлежните органи за да се утврдат причините и околностите кои доведоа до оваа сообраќајна несреќа, вели државниот обинител љубомир Јовески во интервју за РСЕ. Тој објаснува дека семејствата на загинатите патници можат да поднесат жалба до бугарското обвинителство и да побараат да ги разгледаат списите во случајот „Беса транс“.
Бугарската национална истражна служба утврди дека за автобуската несреќа во Бугарија одговорен е возачот на „Беса транс“ бидејќи возел со брзина над дозволената.
Македонското обвинителство отвори паралелна постапка и тука во Република Македонија.
„Во оваа постапка издадени се повеќе наредби од страна на јавниот обвинител кој постапува по предметот и тоа до Министерството за внатрешни работи, до Царинската управа, потоа до Управата за јавни приходи, до Централниот регистер, Бирото за вработување, со намера целосно да го согледа работењето на фирмата којашто го организирала оваа патување и го вршела превозот, а особено во делот како автобусот ги поминувал границите на Република Македонија и границите на соседните земји во делот на техничката исправност на овој автобус и неговата регистрација и лиценци и други околности кои се од значење за донесување на јавно-обвинителска одлука, информира Јовески.“