МАЧКИТЕ и кучињата можат да бидат лути непријатели, а кога ќе се вклучат луѓето, врската станува уште посложена. Најдобар доказ е видеото кое го најдовме на Инстаграм, а на кое златен ретривер е претепан од љубоморна мачка.

Откако сопственичката го погалила кучето, таа јасно покажала љубомора. Го удри кучето со шепата и на сите им даде до знаење дека не сака да не е во центарот на вниманието. Инцидентот беше снимен на камера, па стана вирален и насмеа многумина.