Ноќта кога во подрумот на ГТЦ во Скопје новинарите открија стотици машини за копање криптовалути, немаше обезбедување туку само новинари. Денеска кога сопствениците на дуќаните се собраа за да разговараат за проблемот со високите сметки за струја, обезбедувањето на ГТЦ се обиде да ги отстрани новинарите, јавува ТВ 21.

„Со претходно барање за снимање, ова другото не може, таму внатре во дуќан ако сакате може, овде не“.

„Јас ги собрав, не се однесувајте како некој шериф, не се плашам , не се однесувај така со мене“.

По целата оваа тензична состојба, претставникот на дуќанџиите ја кажа причината за средбата и нивните барања. Бараат од институциите сериозно да се позанимаваат со случајот.

Целиот напис прочитајте го овде.