Сопругата на претседателот Пендаровски, д-р Елизабета Ѓоргиевска денеска ја прими првата доза од вакцината против коронавирусот.

Оваа вест д-р Ѓоргиевска ја објави на својот Фејсбук профил каде посочи дека здравствените работници од Детска и превентивна стоматологија се вакцинирани.

Имено, имунизацијата на здравствените работници продолжува, а како дел од нив, и првата дама на Северна Македонија прими вакцина против коронавирусот.