Сопругата на Лари Кинг, Шонг Кинг, проговори за последните моменти кои ги поминала со славниот водител…
„Успеавме да воспоставиме „Face Time“ во болницата, му беше тешко да разговара, но единствената порака за која се погрижи да ја слушнам беше: Те сакам, чувај ги момчињата“, изјави таа за „Entertainment Tonight”.
Шон и Лари имаат два сина, 21-годишниот Ченси и 20-годишниот Кенон. Од Лари остана и неговиот најстар син, 59-годишниот Лари Кинг Џуниор, од бракот со Анета Каје.
Славниот водител почина минатата сабота наутро во медицинскиот центар Кедарс-Синаи во Лос Анџелес. Тој имаше 87 години. Иако шестата сопруга на Лари, Џулија Александер за „The Post“ изјави дека тој починал од коронавирус, од кој заболе во декември, Шон сепак откри дека тоа не е вистинската причина за смртта.
„Тој почина од инфекција, сепса. Конечно беше подготвен за заминување, ќе ви го кажам тоа. Тој го победи вирусот, но тоа остави последици на неговото тело. Тогаш една неповикана инфекција му го одзема животот, но тој не се предаде лесно“, раскажа Шон.
Шон која беше на средина на постапката за развод на бракот со легендарниот водител на CNN, изјави дека никогаш не мислела дека нивниот развод ќе се финализира.
„Лари и јас никогаш не го завршивме разводот. Во своето срце мислев дека тоа ќе се случи навистина, но не се случи. Бевме партнери во секоја смисла, во работата, но првенствено во нашето семејство. Семејството е најважната работа. Семејството и Бог“, изјави таа.
Таа опиша како изгледал погребот на Лари.
„Беше присутно само семејството, ги носевме препознатливите трегери на Лари, секој од нас“, изјави таа.
„И беше убаво, полно со љубов, едноставно совршено, навистина совршено. Беше тоа семејството. Немаше шоубизнис, не, ништо од тоа. Беше прекрасно и интимно“, раскажа Шон.