Холивудскиот актер Хју Грант е познат како еден од најголемите шармери на денешницата, особено омилен кај жените, кои ги освои со неговите улоги во бројни романтични комедии, а на неговиот шарм не му одолеа ниту 20 години помладата продуцентка Ана Елизабет Еберстејн.
Хју (60) и Ана (40) се запознале во 2012 година, а по 6 години забавување парот се венчал во 2018 година на интимна церемонија на која ги поканиле само нивните најблиски пријатели и семејство. Ана и Хју се родители на две деца, но се обидуваат да го држат приватниот живот подалеку од очите на јавноста, па затоа никогаш не ги откриваат нивните имиња.
Хју ја освоил Ана и покрај неговото бурно минато, кога ги шокира своите обожаватели по скандалот со проститутката Девајн Браун.
Во тоа време Хју бил во врска со неговата колешка Елизабет Харли, која ја изневерил со проститутката Девајн, а притоа и јавно го признал сето тоа откако и двајцата биле уапсени од полицијата која ги затекнала заедно во автомобил. Хју и Елизабет поминале 13 години заедно и по скандалот сепак решиле да останат пријатели, па дури и неколку години подоцна тој бил кум на нејзиниот син Дамјан.
Зад Хју е и врската со Тинглан Хонг, со која ја има и веќе осумгодишната ќерка Табита и 7-годишениот син Феликс, кој е роден истата година со едно од децата на Хју и Ана, а тоа на продуцентката воопшто не и пречи. Двојката се уште е во среќен брак, а заедно се појавија и на овогодинешното доделување на наградите БАФТА, каде го привлекоа вниманието на фотографите во елегантни изданија.