Сопругата на амбасадорот на Р. Бугарија во Македонија, г-ѓа Билјана Ангелова, преку социјалната мрежа facebook соопшти една прекрасна вест поврзана со самохраниот 23 годишен татко од Штип, Љупче Смилев.
Г-ѓа Ангелова соопшти дека самохраниот татко добил помош од бугарската амбасада од Скопје и ја поздрави брзата реакција на градоначалникот на Штип, др. Сашко Николов, кој успеа да најде вработување за Љупче и сместување во градинка на неговото мало детенце Андреј.