Сопругата на екс-министерот за економија, Крешник Бектеши се огласи на социјалните мрежи откако нејзиниот сопруг е еден од притворените како инволвиран во трагедијата во кочанската дискотека. Илка Каба Бектеши изрази сочувство до семејствата на настраданите и вели дека е скршена од болка. Илка тврди дека Крешник дека го пуштиле да си оди дома, но откако се подготвил да излезе од станица, му кажале дека му одредуваат 24-часовна мерка, јавува Локално.
-Крешник ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност во моментот кога се случила трагедијата, истакнува меѓу другото Илка.
Илка изрази жалење и за смртта на возачот на Брзата помош, Илчо Гочевски, но и рече дека се моли за животот на младиот Јован Костадинов кој спасил повеќе животи во дискотеката.
Според сопругата на екс-министерот, за да се добие согласност од Министерството за економија, прво потребна е согласност од општина Кочани, Министерството за транспорт, Министерството за внатрешни работи, Пазарниот инспекторат и на крајот Министерството за економија.
-Медиумските наслови дека поранешниот министер е уапсен се оттргнување на вниманието од вистинските виновници, но и непочитување на медиумите кои по секоја цена ја пренесуваат вистината, кажа меѓу другото сопругата на поранешниот министер.
Денеска на предлог на Јавното обвинителство на Кочани, судија на претходна постапка од Основен суд Кочани им одредил притвор на 13 лица во траење од по 30 дена, во истрагата за пожарот со 59 жртви во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март. Меѓу нив е и Бектеши.
Екс-министерот првично доби 48-часовен притвор, кој денеска му беше продолжен.