-Не сме задоволни од работата на нашите министри, Владата не направи доволно за граѓаните и затоа побаравме да функционираат партиските органи за да има одговорност, изјави во интервју за ТВ Клан, Невзат Бејта, кој е експотпретседател на ДУИ и дел од „огнената група“ која бара разрешување на првиот вицепремиер Артан Груби.

-Актуелната власт не им служи на граѓаните. Кажете ми еден успех на Груби како вицепремиер, затоа што јас не знам да наведам, рече Бејта. Тој го обвини Груби дека не помогнал на локалните избори туку дека се себепромовирал.

-Артан Груби беше гласен во мојата кампања, но тој се промовираше себеси, а не мене, јас бев кандидат на ДУИ, а не Артан Груби. Ве молам, не можете да му ги препуштите заслугите на Али Ахмети и ДУИ на Артан Груби, рече Бејта.