Во основните училишта во општината Кавадарци во тек е сообраќајно-воспитна акција, насловена „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”.

– Денеска, од страна на членови на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата Кавадарци (ОСБСП) и инспекторите за превенција од ОВР Кавадарци, се одржа предавање и едукација во Основното општинско училиште ,,Страшо Пинџур”. Учениците беа запознати како да се движат од својот дом до училиштето по најбезбедниот пат, како да ги поминуваат безбедно улицата и раскрсницата и да ги почитуваат светлосните сообраќајни знаци, семафори. На учениците им беа поделени едукативни материјали, соопштија од ОСБСП.

Оттаму нагласија дека континуирано водат грижа за безбедноста во сообраќајот на патиштата.