Сообраќајот на патиштата се одвива непречено по наместа влажни коловози. Врнежи од слаб снег има на Попова Шапка, но во моментов тие не претставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони, соопшти ЈП Македонија пат.

Од претпријатието апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината кон условите на патот. Дежурните екипи на ЈП Македонија пат, како што се посочува, се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.