Три лица се повредени во синоќешната сообраќајка во центарот на Кавадарци меѓу велосипед и мотор, а поради сериозноста на повредите две лица се пренесени во Скопје
Три лица се повредени во сообраќајка ноќеска во Кавадарци, од кои двајца се потешко, потврдил за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.
Девојка и момче се здобиле со потешки повреди во судир на велосипед и мотор, во центарот на Кавадарци, кај основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“.
По укажаната прва медицинска помош, поради сериозноста на повредите, тие се препратени на лекување во Скопје.