Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков денеска очекува нова покана за преговори со Владата.
Оекуваме денеска нова средба во Владата за каква сме целосно подготвени и преку конструктивни преговори да дојдеме до решение на прашањето за покачување на платите и штрајкот во образованието да биде прекинат, а наставата продолжена, изјави за МКД.мк претседателот на СОНК Јаким Неделков. Тој вели дека до СОНК пристигнуваат пријави за отворени притисоци од страна на директорите врз наставниците за да отпочнат со настава. За секој поединечен случај прибираме докази и доколку пријавите бидат потврдени соодветно ќе реагираме, вели Неделков.