Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска на прес конференција посочи дека до овој момент немаат заемен договор со ресорните министри.

„Очекуваме потврда за работна средба во текот на попладневните часови. Има таков сигнал, дека попладне ќе се сретнеме во Владата меѓутоа за конкретно потврдување подоцна ќе објавиме“, вели тој.


Според него, нивното очекување е во интерес на учениците.

„Нашето очекување е во интерес на учениците, во интерес на децата во детските градинки, во интерес на родителите, во интерес на колегите кои што штрајкуваат, во интерес на Р. Македонија. Владата да смогне сили да изнајде начин, средства да ги договориме оние побарувања кои СОНК ги има доставено“, вели Неделков.