Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.
Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 29 до 37 степени, јавува УХМР.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи. Максималната температура ќе достигне до 36 степени.
Текстот Сончево време, попладне со услови за краткотраен пороен дожд и грмежи е превземен од МАКФАКС.