Пентагон следи наводен кинески шпионски балон кој лета на голема височина над континенталниот дел на Соединетите Американски Држави, јавуваат американските медиуми.
Пентагон го следеше балонот неколку дена додека минуваше над северниот дел на САД, изјави портпаролот на Пентагон, бригадниот генерал Патрик Рајдер.
„Уверени сме дека овој балон за надгледување на голема височина ѝ припаѓа на Кина. Примери за ваков вид активност се забележани во текот на изминатите неколку години, вклучително и за време на претходната администрација“, изјави висок претставник на одбраната.
Се проценува дека балонот може да собере одредени разузнавачки податоци.
Chinese spy balloon over Montana, the United States.
(Source: KSVI-TV) pic.twitter.com/bCI9ODxYDB
— The Spectator Index (@spectatorindex) February 2, 2023
„Балонот моментално патува на височина далеку над комерцијалниот воздушен сообраќај и не претставува воена или физичка закана за луѓето на земјата“, рече Рајдер и додаде дека американската војска одлучила засега да не го соборува балонот, наводно поради загриженост дека тоа би можело да ја загрози безбедноста.