Оле Гунар Солсјер има план за летото да направи неколку измени во тимот на Манчестер Јунајтед со цел конечно да го врати овој клуб во самиот врв на европскиот фудбал.
Англиските медиуми денес објавија дека Солсјер веќе разговарал со клупските челници за тоа колку пари ќе има на располагање ова лето за да донесе неколку нови засилувања.
Норвешкиот стручњак нема намера драстично да го смени тимот, но сака да доведе тројца нови играчи, но за нив ќе требаат дури 300 милиони евра.
Челниците на клубот му ветија големи инвестиции во текот на летото, и се чини дека нема да има проблеми во исполнувањето на желбите на Солскјер.
Прв на списокот на засилувања е стоперот на Севилја, Жил Коунде, кој чини околу 90 милиони евра и со своите игри го привлече вниманието на многу клубови. Веднаш до него е Џејдон Санчо кој долго време се поврзуваше со Јунајтед.
Но, се чини дека Санчо конечно би можел да дојде на „Олд Трафорд“ на лето, а неговиот трансфер ќе чини околу 100 милиони евра. Исто така на списокот со желби е и Ерлинг Халанд кој е желба на многу великани. Исто така, цената на Халанд за летото се очекува да биде околу 100 милиони евра.
Можен состав на Манчестер Јунајтед следната сезона: Де Хеа, Ван-Бисака, Коунде, Мегваер, Шо, Мектоминај, Погба, Бруно Фернандес, Санчо, Рашфорд, Халанд.