На 6 октомври 2025 година, со почеток во 19:19 часот, во Салон 19:19 ќе се одржи солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу.

Публиката ќе има можност да ужива во програма што обединува различни музички епохи – неколку сонати од Доменико Скарлати и импресивната Соната „Апасионата“ од Лудвиг ван Бетовен.

На сцената ќе му се придружи и виолинистот Јаков Ангелов, со кого ќе ја изведе прочуената „Чакона“ од Томазо Витали.

Текстот Солистички концерт на пијанистот Арда Мустафаоглу е превземен од МАКФАКС.