Лузни и изгореници се дури и најлесните од последиците со кои се соочиле жртвите. Без никакво знаење, стручна подготовка и здрав разум или чувство за морал, естетскиот „хирург“ Сава Кнежевиќ загрози бројни жени од Србија и регионот, од кои многумина излегоа во јавноста и ги претставија ужасните детали за постапката што ја поминале во неговата „ординација“ на Теразије.

Покрај сето тоа, тие „интервенции“ скапо ги платија.

Бранислава Ловреновиќ од Угриновац, која веќе шест години живее во Швајцарија, е една од жртвите која ја раскажа својата приказна.

“Рекламата за неговата канцеларија беше толку професионална што бев убедена дека сум во вистински раце. С.К. ми се претстави како лекар, естетски хирург и му верував. Тој имаше канцеларија во Теразије и сè работеше како што треба”, вели Бранислава (43).

Ми рече дека ќе ми стави импланти во градите, дека ќе ги отстрани мастите од мојот стомак и ќе направи „фејслифтинг“. Се согласив. Цената беше 3.000 евра. Сепак, дури и пред да започне операцијата, не се чувствував добро. Ми беше дадена анестезија, или нешто друго што тој ми го даде, што секако не беше анестезија, затоа што се будев три пати за време на операцијата и чувствував страшни болки. Сето тоа траеше ужасни пет часа и кога се „разбудив“, се сеќавам дека бев во целосен шок, рекла Бранислава, а пренесе Блиц“. Дури подоцна, таа сфатила дека е жртва на измама.

Како Сава Кнежевиќ лажел со години?

Пет години, Сава Кнежевиќ, масер кој се претставувал како естетски хирург и неговата мајка Данијела, цвеќарка, која се претставувала како доктор и медицинска сестра, вршеле естетски корекции во нивната ординација во центарот на Белград и осакатиле десетици жени.

Освен што се претставувал како лажен естетски хирург, Сава Кнежевиќ дури и ги лажирал своите години, па се претставил како да е роден во 1989 година, наместо во 1998 година. Лажниот доктор започнал да ги прави сите овие естетски процедури кога имал само 19 години.

Од моментот кога започнале приказните за жените што ги изобличил, тој ја затворил канцеларијата и исчезнал. Тој беше уапсен вчера во Белград заедно со неговата мајка Данијела, а рочиштето е закажано за денес.

Извор: Б92