Во продолжението од пет минути, бекот на Еуро Никел постигна 12 од вкупно 14 поени кои ги даде неговиот тим.

Дербито на 13. коло се одигра во Кисела Вода каде Еуро Никел со 89:94 ја совлада ФМП Академија по продолжението од пет минути.

Гостите од Кавадарци беа подобар тим во првото полувреме (38:48) и имаа резултатска предност се до самиот финиш на средбата кога домаќините успеаја дури и да направат пресврт, но сепак регуларниот период заврши без победик 80:80. Во дополнителните пет минути, на сцена стапи Дарко Соколов кој постигна 12 од вкупно 14 поени на својот тим за вкупно седма победа во десетиот натпревар оваа сезона. Токму Соколов со 25 поени беше најпрецизен во тимот на Еуро Никел, додека кај ФМП Академија блескаа Крстајиќ со 34 и Херис со 31 поен.

ТФТ без никакви проблеми го совлада Црн Дрим со 113:812. По израмнетото прво полувреме, домашните кошаркари работата ја завршија во вториот дел, третата четвртина ја добија со 29:16 и ја запишаа осмата победа во 11. натпревар сезонава.
Шелман со 19 и Андерсон со 18 беа најпрецизни во победничкиот табор, додека кај поразените Арсоски заврши со 16 поени.

Лидерот на табелата Пелистер славеше со 80:105 на гостувањето кај Вардар.

ФОТО: КФСМ

Резултати:
МЗТ Скопје 2 – Куманово 67:68
Вардар – Пелистер 80:105
ФМП Академија – Еуро Никел 89:94
ТФТ – Црн Дрим 113:82.