Треба да се размислува децата и адолесцентите да се вакцинираат, смета директорката на Клиниката за детски болести Аспазија Софијанова.
Таа вели дека децата се носители на вирусот, а проблем се јавува ако се сретнуваат со други, затоа што може да дојде до создавање мутиран вирус.
Во моментов на Клиника за детски болести речиси воопшто нема дечиња, заразени со Ковид 19. Во регионот сме држава со смртност 0 кај децата, тоа е голем успех. Не треба комплетно да се опуштиме. Кај децата небалансирано антителата предизвикуваа цитокинска бура. Она што сметам дека треба да сме среќни, нема постковид последици кај децата. Комплетно различни слики покажува вирусот кај децата, за разлика од возрасните. Анализите покажаа дека доста голем проблем имаше кај децата со гастроинтестиналниот тракт, кај десетина деца имаше операција на слепо црево, второ бубрезите, инфекции. Ретко имаше по некоја срцева промена, краток период, траеше недела до две, вели д-р Аспазија Софијанова, директор на Клиника за детски болести во Студио 10 на ТВ24.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.