Видеото во кое Софија Вергара се обидува да скрши орев со задникот стана вирален хит на социјалните мрежи.

За време на шоуто „America’s Got Talent“, натпреварувачот по име Г-дин Чери, со потекло од Јапонија, успеа да го сруши светскиот рекорд кршејќи 79 ореви со својот задник за неверојатни 30 секунди.

Жирито составено од Хови Мандел, Хајди Клум, Сајмон Кауел и Софија Вергара, беше импресионирано од подвигот на г-дин Чери. Сепак, тие веројатно не сфатија колку е тешко да се направи тоа сè додека Софија не се реши да се качи на сцена и да го направи истото.

Откако беше охрабрена од Хајди, Софија се качи на сцената, придружувајќи му се на г-дин Чери. Неговата асистентка ја праша Софија која страна од нејзиниот задник е посилна.

Не знам, никогаш не сум размислувала за тоа“, одговори Софија.

Одлучи да се обиде да го скрши оревот со левата страна, но наскоро испушти болен крик, пред да извикне: „Ова навистина боли“.

Сајмон се кикотеше, а Софија ја напушти сцената триејќи го болнто место на задникот.

Жал ми е што го предложив тоа“, призна Клум, додека Софија рече дека е невозможно да се скрши орев на тој начин.