Претседателот на Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), Серкан Кајалар, реагираше по трагедијата што се случи во градот Кочани во Северна Македонија, каде што животот го загубија над 50 лица, а над 150 беа повредени.

„Од се срце ја изразуваме нашата тага за катастрофата што се случи во градот Кочани. Го молиме Бога за милост за жртвите и изразуваме сочувство до нивните семејства и пријателскиот народ на Северна Македонија. На повредените им посакуваме брзо закрепнување“, се вели во соопштението на Кајалар.

Во меѓувреме, потпретседателот на TİKA, др. Махмут Чевик изрази сочувство за трагичниот настан во Кочани.

„Трагедијата во Кочани ги однесе животите на повеќе од 50 луѓе. Изразуваме искрено сочувство до сите граѓани на Северна Македонија и посакуваме брзо закрепнување на повредените. Сочувство до Северна Македонија!“, нагласи Чевик.

Според неофицијални извори, се очекува ТИКА активно да се ангажира за поддршка и надминување на оваа состојба, со цел да помогне во справувањето со последиците од оваа катастрофа, преку нудење конкретна помош за сите граѓани.