Делегација на Собранието, предводена од потпретседателот Антонијо Милошоски, придружуван од пратениците Сергеј Попов, Митко Трајчулески, Дијана Тоска, Даниела Белимова и Амар Мециновиќ, по повод 61-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, положи цвеќе на Градските гробишта Бутел.

Катастрофалниот земјотрес во Скопје се случи на 26 јули 1963 година во пет часот и 17 минути, а помали потреси имаше до пет часот и 43 минути. Беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. Над 200 000 луѓе остана без покрив над главата.

По трагедијата на Скопје, Меѓународниот Црвен крст упати апел до сите национални организации да организираат достава на храна, а Интерпарламентарната унија упати препорака до сите парламенти и влади да помогнат во обновата на градот. Хуманитарни организации од многу земји пристапија кон собирање помош за Скопје. Обединетите нации презедоа активности за плански и долгорочно да му се помогне на разурнатиот град.