Со 62 гласа ЗА Собранието пред полноќ го изгласа буџетот за 2021 година. Во собраниската сала не беа присутни пратениците од опозицијата.

Во текот на досегашната расправа, власта и опозицијата со спротивставени ставови на Предлог-буџетот за следната година. За власта, буџетот обезбедува одржливост, рационално трошење и е продолжение на одговорните политики спроведени во изминатиот период.

Во дополнетиот предлог се содржани 18 амандмани прифатени во текот на расправата пред матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет.

По гласањето следуваше аплауз во собраниската сала. Вкупните приходи на Буџетот за 2021 се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари, додека расходите на 247,5 денари. Проектираниот дефицит е 34,9 милијарди денари.