Пратениците со мнозинство гласови ја отфрлија интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието, Талат Џафери. Во гласањето учествуваа 104 пратеници, од кои 61 пратеник гласаа „против“, а 43 „за“, а воздржани немаше.
Бидејќи системот не го призна гласот на Џафери од пратеничката фотелја и на екранот беа претставени 60 гласа против, претседавачот на седницата побара затворање на вратите на салата да се гласа поединечно. Но на крајот опозицијата се согласи како таков да се брои само гласот на Џафери, по што беа дадени 61 глас, со што интерпелацијата беше отфрлена.
„КОнстатирам дека Собранието не ја прифати интерпелацијата за работата на претседателот Талат Џафери“, рече претседавачот на седницата, Горан Мисевски.