Собранието на Косово не ја поддржа резолуцијата со која се повикува косовската Влада да го спроведе вашингтонскиот Договор постигнат на 4 септември 2020 година во Белата куќа.

Advertisements

Резолуцијата ја предложи опозицискиот Демократски сојуз на Косово, но пратениците на владејачкото движење Самоопределување беа воздржани.

Резолуцијата ја повикува Владата на Косово, предводена од Албин Курти, да го спроведе овој Договор и да изготви акциски план за негова имплементација.

За резолуцијата гласаа 24 пратеници, а 57 од нив беа воздржани, главно членови на партијата Самоопределување.

Прикажи повеќе